СЕНАТОТ ГИ ОТФРЛИ ОГРАНИЧУВАЊАТА НА ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ТРАМП Според Уставот на САД, Конгресот има право да објави војна
Резолуцијата ја предложија сенаторите Ренд Пол и Тим Кејн. Кејн изјави дека Трамп не доставил докази дека САД се под непосредна закана од Иран.

Сенатот на САД ја отфрли резолуцијата со која требаше да се ограничат овластувањата на претседателот Доналд Трамп во можен воен конфликт со Иран и да се зголеми надзорот на Конгресот. Мнозинството републиканци гласаа против.
Резолуцијата ја предложија сенаторите Ренд Пол и Тим Кејн. Кејн изјави дека Трамп не доставил докази дека САД се под непосредна закана од Иран.
Според Уставот, Конгресот има право да објави војна, но претседателите често ја заобиколувале оваа одредба по Втората светска војна. Слична резолуција треба да се разгледува и во Претставничкиот дом, но исходот ќе биде главно симболичен.
CATEGORIES Свет


