СЕМЕЕН БИЗНИС НА ЗАЕВИ СО ДРЖАВНИ ПАРИ Вице Заев добил 9 милиони евра преку договори со ЕСМ

Овие откритија фрлаат сенка врз транспарентноста на процесот на јавни набавки во енергетскиот сектор и отвораат прашања за евентуални судири на интереси и злоупотреба на политичка моќ во корист на блиски деловни кругови.

СЕМЕЕН БИЗНИС НА ЗАЕВИ СО ДРЖАВНИ ПАРИ Вице Заев добил 9 милиони евра преку договори со ЕСМ
Фото: ИРЛ Македонија

Фирмата на Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, инкасирала девет милиони евра преку договори поврзани со набавка на јаглен за државната компанија АД „Електрани на Македонија“. Станува збор за бизнис кој од 2022 година до денес профитабилно ги ангажирал неколку компании, меѓу кои и бугарска фирма во сопственост на Заев.

Влезот на оваа фирма во процесот на набавка бил индиректен – таа била ангажирана како подизведувач од страна на „Зобек мининг“, компанија во сопственост на македонскиот државјанин Енис Колашинац. „Зобек мининг“ имала склучено директен договор со ЕСМ за испорака на јаглен, клучен ресурс за стабилно производство на електрична енергија во земјава.

Истражувањето на ИРЛ (Истражувачка репортерска лабораторија) открива и потенцијална политичка поврзаност меѓу „Зобек мининг“ и опозициската партија СДСМ. Минатата година, ИРЛ објави фотографија од луксузно возило „Ауди“ кое за време на предизборната кампања го управувал актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче. Возилото било регистрирано на името на „Зобек мининг“. Колашинац за ИРЛ потврдил дека автомобилот бил земен на лизинг за потребите на фирмата, но подоцна преминал во лична сопственост на Филипче.

Овие откритија фрлаат сенка врз транспарентноста на процесот на јавни набавки во енергетскиот сектор и отвораат прашања за евентуални судири на интереси и злоупотреба на политичка моќ во корист на блиски деловни кругови. Случајот дополнително ја поттикнува јавната дебата за потребата од засилена контрола и отчетност во трошењето на државните средства.

CATEGORIES
TAGS
Share This