СЕМЕЈСТВОТО ОД ШТИП СО ДОБРА ВЕСТ Владимир Бурев пронајден по исчезнувањето
Неговата мајка, Благица Бурева, во објава на Фејсбук се заблагодари на „СВР Штип и добрите луѓе“ за помошта.

Фото: Социјални мрежи
Најблиските на штипјанецот Владимир Бурев (36) објавија на социјалните мрежи дека тој е пронајден и вратен дома, жив и здрав. По него се трага од вчера околу 4 часот наутро, кога излегол од дома и не се вратил.
Неговата сестра во објава на Фејсбук се заблагодари на „СВР Штип и добрите луѓе“ за помошта.
Засега не се соопштуваат детали за тоа како е пронајден Владимир и каде бил изминатите часови.
CATEGORIES Македонија


