СЕЛА ЈА ОТВОРА ВРАТАТА ЗА ТАРАВАРИ, НО СО УСЛОВИ Јавно извинување и признание на грешките

На прашањето дали Арбен Таравари, лидерот на другото крило на Алијансата, би можел да стане дел од Европскиот фронт, Села нагласи дека фронтот останува отворен за сите кои се подготвени да признаат свои грешки и јавно да побараат прошка.

СЕЛА ЈА ОТВОРА ВРАТАТА ЗА ТАРАВАРИ, НО СО УСЛОВИ Јавно извинување и признание на грешките

Претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Зијадин Села, денеска во Тетово одржува состанок со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. Според изјавата на Села за Алсат, средбата е дел од редовните консултации меѓу тесното раководство на двете партии во рамки на Европскиот фронт.

„Станува збор за редовен состанок на Фронтот. Тесното раководство на АА и на ДУИ ќе дискутира за актуелната политичка состојба“, изјави Села.

На прашањето дали Арбен Таравари, лидерот на другото крило на Алијансата, би можел да стане дел од Европскиот фронт, Села нагласи дека фронтот останува отворен за сите кои се подготвени да признаат свои грешки и јавно да побараат прошка.

„Ова не е тема за денешната средба. Европскиот фронт е жив организам и е отворен за сите што ќе ги разберат грешките што ги направиле и ќе побараат јавно извинување. Без исполнување на овие услови, тешко е да се разгледаат други опции“ – изјави Села.

Села истакна дека Таравари често ги менува своите ставови, што, според него, создава конфузија и недоследност во јавниот дискурс.

„Најпрво нека ги разјасни своите дилеми самиот господинот Таравари, па потоа ќе можам да дадам коментар. Тој многу брзо ги менува своите ставови – денес едно, утре друго. Веќе не можам да ги следам неговите изјави“ – додаде Села.

Изјавата доаѓа во контекст на зголемената политичка неизвесност во пресрет на изборите и можното прекројување на политичките алијанси.

CATEGORIES
Share This