СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА Ранутрински земјотрес го разбуди охридско-струшкиот регион

Надлежните институции апелираат на смиреност и внимателно следење на официјалните информации.

Утрово, во раните часови, се регистрирани два земјотреса со епицентри во епицентралното подрачје Пештани – Охрид – Струга, на околу 100 километри југозападно од Скопје.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, првиот потрес е забележан во 5 часот и 7 минути со локална магнитуда од 3.4 степени според Рихтеровата скала, додека вториот се случил девет минути подоцна, во 5:16 часот, со магнитуда од 2.3 степени.

Според досегашните податоци, посилниот земјотрес е почувствуван од населението во Охрид, Струга и околните населени места, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала (EMS). Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Надлежните институции апелираат на смиреност и внимателно следење на официјалните информации.

CATEGORIES
Share This