СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО Шешко претставен како нов играч на Манчестер Јунајтед

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО Шешко претставен како нов играч на Манчестер Јунајтед

По долгиот трансфер-епилог околу словенечкиот напаѓач, денес Бенјамин Шешко и официјално беше претставен како нов играч на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ ја добија трката со Њукасл за неговиот потпис, иако англискиот клуб од северот нудеше можност за настап во Лигата на шампиони следната сезона. Според информациите, Шешко сам одлучил да се приклучи на Јунајтед, привлечен од проектот и амбициите на клубот.

Договорот е потпишан до јуни 2030 година, а следен чекор е регистрацијата на фудбалерот пред неговото деби на „Олд Трафорд“.

„Кога разговаравме за проектот, ми стана јасно дека овој тим ќе продолжи да расте и повторно да се натпреварува за големите трофеи. Уште од првиот момент кога пристигнав ја почувствував позитивната енергија. Ова е очигледен избор за да го достигнам моето максимално ниво и да ги остварам моите амбиции“, изјави Шешко.

CATEGORIES
Share This