СЕДНИЦА НА МАКЕДОНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – Тема состојбата на Блискиот Исток
Под претседателство на Гордана Сиљановска-Давкова, членовите на Советот разгледаа безбедносни прашања и донесоа предлози до Владата и Собранието

Под претседателство на Гордана Сиљановска-Давкова започна седницата на Советот за безбедност, свикана поради актуелната безбедносна состојба во земјата, во контекст на најновите случувања на Блискиот Исток.
На седницата присуствуваа членовите на Советот: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Дел од седницата беа и членовите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.
Советот за безбедност е највисоко советодавно тело во државата, кое разгледува прашања поврзани со безбедноста и одбраната и доставува предлози и мислења до Собранието и Владата.
Работата на Советот, вклучително свикувањето и одржувањето на седниците, правата и обврските на членовите, како и спроведувањето на донесените ставови и иницијативи, е регулирана со Деловникот за работа на Советот за безбедност.
Седниците по правило се затворени за јавноста, а одлука за евентуална присутност на јавноста на одредена седница носи претседателот на Советот.


