СЕ ЗБУНИ ПРЕВЕДУВАЧКАТА НА МЕЛОНИ ВО БЕЛАТА КУЌА Еве што направи Трамп

Необична ситуација се случи во Белата куќа за време на средбата помеѓу американскиот претседател Трамп и италијанската премиерка Мелони кога нејзината преведувачка по средбата јавно се извини бидејќи имала проблеми со преведувањето

СЕ ЗБУНИ ПРЕВЕДУВАЧКАТА НА МЕЛОНИ ВО БЕЛАТА КУЌА Еве што направи Трамп

И преведувачите на официјални меѓудржавни средби може да згрешат. Необична ситуација се случи во Белата куќа за време на средбата помеѓу американскиот претседател Трамп и италијанската премиерка Мелони кога нејзината преведувачка по средбата јавно се извини бидејќи имала проблеми со преведувањето.

„Она што се случи е најлошото нешто што може да му се случи на еден преведувач, тоа е ужасно срамно“ – изјави Валентина Мајолини-Ротбахер за саботната „Кориере дела сера“.

Се мачеше да преведе и Мелони ја прекина во еден момент кога забележа дека нејзиниот преведувач се мачи и италијанската премиерка сама ја преведе сопствената изјава на англиски.

„Мелони беше во право што ме прекина. Тоа беше многу важен состанок и секој збор имаше голема тежина. За среќа, не реков ништо глупаво“ – рече Мајолини-Ротбахер.

Таа објасни дека првпат е во Белата куќа, дека не добила никаква помош и дека околу неа било многу бучно.

Во еден момент Трамп и се обрати со зборовите: „Те молам, те молам…“.

Мајолини-Ротбахер рече дека сето тоа веројатно ја збунило.

Преведувачите обично се присутни на меѓународните состаноци, имајќи предвид дека политичките лидери претпочитаат да го користат својот мајчин јазик во јавната комуникација дури и кога добро зборуваат англиски, како што е случајот со италијанската премиерка.

Мајолини-Ротбахер е познат како многу искусен преведувач и досега има работено на голем број важни самити, посочува агенцијата – потенцира ДПА.

CATEGORIES
Share This