СЕ СЕЌАВАТЕ НА МОНИКА ЛЕВИНСКИ – Сега е глас за жените и изборите
Некогаш практикантка во Белата куќа, денеска активистка која ги враќа жените во политиката

Моника Левински, некогаш позната ширум светот како љубовница на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, сега се појавува како заштитно лице на модниот бренд Reformation.
Причините за нејзиното влегување во светот на модата се, погодувате, политички: Левински сака да ги поттикне жените да учествуваат на претседателските избори во САД кои ќе се одржат оваа година.
„Моника Левински ја врати својата моќ и ги охрабрува луѓето да гласаат и тоа на модерен начин“, објави списанието Пипл.
Поранешната практикантка во Белата куќа и сегашна активистка се приклучи на кампањата на Reformation наречена „Ти ја имаш моќта“, со цел да ја подигне свеста за важноста од излегување на претстојните избори.
„Гласањето е начин да се слушне нашиот глас и тоа е најмоќниот аспект на демократијата“, истакна Левински.
Таа додаде дека учеството на изборите е секогаш важно, но дека оваа година е особено критично, затоа што „фрустрацијата и апатијата на гласачите можат значително да влијаат на исходот од изборите“.


