СЕ РАЗВЕДУВААТ АНА ИВАНОВИЌ И БАСТИЈАН ШВАЈНШТАЈГЕР Крај на една идилична врска

Според изданието, наводната разделба се случила пред околу 2 месеца. Швајнштајгер, наводно, многу патува поради неговата работа и живее главно во Минхен, додека, пак, Ивановиќ и нејзините деца остануваат во Белград

СЕ РАЗВЕДУВААТ АНА ИВАНОВИЌ И БАСТИЈАН ШВАЈНШТАЈГЕР Крај на една идилична врска

Пристигна изненадувачка информација за развод на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кој, ја испрати и првата порака откако се појавија информации за проблемите и крајот на љубовта.

Германецот моментално работи како промотор на финалето од Лигата на шампионите кое годинава ќе се игра во Минхен, а веќе извесно време е на азиска турнеја. Бастијан пристигна во Виетнам каде се јави и им се обрати на фановите:

„Ви благодарам на сите за убавиот пречек – порача Германецот.

За ова пишува германскиот таблоид Бунте, повикувајќи се на извори „во телевизиските кругови“.

Според изданието, наводната разделба се случила пред околу 2 месеца. Швајнштајгер, наводно, многу патува поради неговата работа и живее главно во Минхен, додека, пак, Ивановиќ и нејзините деца остануваат во Белград.

Германците ги пренесуваат информациите на познавачите на бракот на познатите спортисти, а тие доведуваат до следните одговори – стрес, патување, различни локации и недостаток на семеен живот… Очигледно растојанието многу влијаело на „паузата“ меѓу нив двајца и на дискусијата и одлуката за развод.

Тие со години важеа за еден од најхармоничните јавни парови кои водат идиличен живот, но германските медиуми пишуваат дека дошло до криза во бракот и неговиот крај.

Ниту Бастијан Швајнштајгер ниту Ана Ивановиќ јавно не ги коментираа пишувањата на германските медиуми кои станаа централна вест во светскиот шоубизнис.

Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во јули 2016 година и имаат 3 сина: 7-годишниот Лука, 4-годишниот Леон и Тео кој има една година.

CATEGORIES
Share This