СЕ ПЛАШИТЕ ОД СМЕТКИ ЗА СТРУЈА – Ова е вистината за бојлерите што никој не ви ја кажува

Класичен или со проток: кој е подобар бојлер за вашиот дом

СЕ ПЛАШИТЕ ОД СМЕТКИ ЗА СТРУЈА – Ова е вистината за бојлерите што никој не ви ја кажува
Фото: Принтскрин

Иако бојлерот е неопходен дел од секое домаќинство, многу корисници се збунети околу тоа дали е поекономично да биде вклучен цело време или само кога е потребен, особено со растот на цените на електричната енергија. Се поставува и прашањето дали е безбедно да се туширате додека бојлерот работи.

Британскиот експертски портал „Плумб Нејшн“ ги разгледа овие дилеми и ги издвоји главните предности и недостатоци од повременото исклучување на бојлерот.

Често термините бојлер и обичен бојлер се користат како синоними, но постои разлика. Обичен бојлер служи само за топла вода за бања и кујна додека вистинскиот бојлер може да биде поврзан со систем за централно греење на домот.

На пазарот доминираат два вида и тоа класични бојлери со резервоар кои ја загреваат водата однапред и ја чуваат топла и бојлери со проток кои ја загреваат водата веднаш кога ја отворите чешмата.

Во однос на дилемата дали исклучувањето штеди пари, аргуметните за исклучување се дека може да се намали сметката за околу 10% бидејќи се избегнува постојано прегревање, се намалуваат загубите на топлина, особено кај стари модели со слаба изолација и уредот трпи помалку стрес и може да трае подолго.

Од друга страна аргуметни против исклучувањето се дека е потребно 20-60 минути да се загрее водата повторно. Постарите модели можат лошо да реагираат на чести промени на вклучување и исклучување. Кај вода со висока тврдост, честите промени на температурата можат да забрзаат формирањето бигор.

Заклучокот е дека заштеда има, но не е драстична и зависи од ефикасноста на уредот. Кај бојлерите со проток на гас, исклучувањето нема смисла, бидејќи без нив нема моментална топла вода.

Многумина се прашуваат дали е опасно да се туширате додека бојлерот е вклучен. Експертите велат: со модерни и правилно инсталирани системи, ризикот од електричен удар е минимален. Ако уредот е правилно заземјен, осигурувачот ќе го прекине струјното коло пред да се случи опасност.

Ако ќе бидете отсутни подолго време, исклучете го бојлерот, но со претпазливост во зима. Целосното исклучување може да предизвика замрзнување и пукање на цевките. Подесете го термостатот на минимална температура наместо целосно да го гасите. Пред повторно да го вклучите бојлерот по празнење, проверете дали резервоарот е полн со вода. Безбедноста не зависи од тоа колку често го притискате прекинувачот, туку од редовно одржување и правилни електрични инсталации.

CATEGORIES
Share This