СЕЈФ СИТИ СЕПАК ЌЕ ТОЛЕРИРА БРЗИНА – Еве колку
Министерот Панче Тошковски објасни колкава е дозволената толеранција кај радари и камери.

Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на „Топ Тема“ на Телма соопшти дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе ги применуваат истите толеранции како полициските радари.
Според него, за возила кои се движат до 100 км/ч ќе важи отстапка од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.
Тошковски истакна дека овие толеранции важат само за сообраќајни прекршоци, додека за кривични дела поврзани со сообраќајот толеранција нема да се применува.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


