СЕ ЈАВИ И ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА – Ова е нејзиниот став за Гренланд

Мелони повикува на заеднички и координиран пристап за зачувување на стабилноста и безбедноста во Арктикот

СЕ ЈАВИ И ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА – Ова е нејзиниот став за Гренланд
Фото: Архива

Италијанската премиерка, Џорџија Мелони, денес истакна дека Арктикот треба да остане стратешки приоритет за Европската Унија и НАТО.

Таа нагласи дека координираното присуство на Алијансата во регионот е клучно за спречување на тензиите и за одговор на активностите на други актери, пренесува агенцијата Анса.

По повод презентацијата на италијанската арктичка стратегија, Мелони посочи дека НАТО треба да искористи можност за развој на заеднички и координиран пристап кон Арктикот, кој ќе ја зачува стабилноста и безбедноста во регионот со се поголемо стратешко значење.

CATEGORIES
TAGS
Share This