САУДИСКА АРАБИЈА СЕ ВРАЌА ВО ИГРАТА: По нападите брзо обновување на нафтените гиганти

По серијата напади врз енергетската инфраструктура, Саудиска Арабија брзо ги врати клучните капацитети во функција.

САУДИСКА АРАБИЈА СЕ ВРАЌА ВО ИГРАТА: По нападите брзо обновување на нафтените гиганти
Фото: Принтскрин

Министерството за енергетика на Саудиска Арабија соопшти дека повторно се ставени во функција две клучни енергетски постројки, по неодамнешните напади врз нафтениот и гасниот сектор во земјата.

Според официјалните податоци, целосно е обновен капацитетот на нафтоводот Исток–Запад, кој може да транспортира околу седум милиони барели дневно. Истовремено, повторно е активирано и производството на нафтеното поле Манифа, со дневен капацитет од приближно 300.000 барели.

Властите наведуваат дека во тек е и целосна санација на објектите во Кураис, од каде се очекува дополнително зголемување на производството за уште околу 300.000 барели дневно.

Да потсетиме, Ријад на 9 април донесе одлука за привремено запирање на дел од енергетските капацитети, по напади врз нафтени, гасни и електроенергетски објекти во главниот град, источната провинција и индустрискиот град Јанбу.

Со ова обновување на производството, Саудиска Арабија испраќа порака за стабилизација на енергетскиот сектор во време кога глобалните пазари се исклучително чувствителни на секое нарушување во снабдувањето со нафта.

CATEGORIES
Share This