САУДИСКА АРАБИЈА Е ПРЕДИЗВИК ЗА СИТЕ НАШИ ИГРАЧИ Благоја Милевски со изјава пред натпреварот

САУДИСКА АРАБИЈА Е ПРЕДИЗВИК ЗА СИТЕ НАШИ ИГРАЧИ Благоја Милевски со изјава пред натпреварот

Нашата најдобра репрезентација пристигна Прага и на стадионот на Викторија Жижков го одработува тренингот во пресрет на утрешниот натпревар со Саудиска Арабија. Иако станува збор за пријателски дуел, селекторот Благоја Милевски и неговиот тим му пристапуваат со максимална сериозност, имајќи предвид дека веќе за неколку дена следи многу поважниот квалификациски предизвик против Лихтенштајн.

“Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот. Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус. Се надевам дека тоа нема да се одрази на нивната физичка подготвеност. Најважно ми е сите да бидат здрави. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн” изјави нашиот селектор.

CATEGORIES
Share This