САМО ЧУДО МОЖЕ ДА ГО СПАСИ АНЧЕЛОТИ ДА НЕ БИДЕ ИЗБРКАН ОД РЕАЛ Перез бара Реал да ја осви Лигата на шампионите или Ла Лига што во моментов е невозможна мисија

Медиумите пишуваат дека претседателот на Реал,  Флорентино Перез веќе започнал нова офанзива за потпис - Чаби Алонсо

САМО ЧУДО МОЖЕ ДА ГО СПАСИ АНЧЕЛОТИ ДА НЕ БИДЕ ИЗБРКАН ОД РЕАЛ Перез бара Реал да ја осви Лигата на шампионите или Ла Лига што во моментов е невозможна мисија

По синоќешниот дебакл на Реал во Лондон каде загуби од Арсенал кој со 3:0, денес се појавија написи во бројни медиуми во Шпанија дека Карло Анчелоти може да почне да се пакува и дека нема да остане на клупата на Реал Мадрид. Медиумите тврдат дека само чудо може да го спаси Анчелоти, а тоа е да освои или Лигата на шампионите или Ла Лига.

Такво сценарио во овој момент е прилично тешко, затоа што Арсенал славеше со 3:0 а поразот на Реал синоќа можеше да биде и поубедлив, а Барселона му бега на Реал четири бода.

Медиумите пишуваат дека претседателот на Реал,  Флорентино Перез веќе започнал нова офанзива за потпис – Чаби Алонсо! Шпанецот и летово беше прва желба на претседателот на Реал Мадрид, но тогаш реши да остане уште една сезона во Бајер Леверкузен.

Инаку, Анчелоти во неговиот втор мандат освои две Лиги на шампионите, 2022 и 2024 година, покрај тоа и два трофеи во Ла Лига, Купот на кралот, СП за клубови и Суперкупот на Европа и Шпанија.

CATEGORIES
Share This