САМИТ ВО ЊУЈОРК ЗА ПОДДРШКА НА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА – Израел и САД со бојкот
Самитот се одржува во пресрет на Генералното собрание на ОН, во момент на ескалација по израелската копнена офанзива во Газа.

Франција и Саудиска Арабија денеска во Њујорк собираат десетици светски лидери за да ја изразат поддршката за решение со две држави и можноста за признавање на палестинската држава. Израел и САД го бојкотираат самитот, а израелскиот амбасадор во Вашингтон, Дани Данон, го нарече „циркус“.
Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија вчера веќе ја признаа палестинската држава, а Франција најави дека може да го направи истиот чекор. Германија и Италија остануваат воздржани, предупредувајќи дека таков потег би бил контрапродуктивен.
Израел размислува за анексија на делови од Западниот Брег и за мерки против Франција, додека Вашингтон најави можни последици за земјите кои преземаат чекори против Израел.
Самитот се одржува во пресрет на Генералното собрание на ОН, во момент на ескалација по израелската копнена офанзива во Газа.


