САЛАХ ПОД ПРАШАЛНИК – Можеби нема да игра против Интер

Се огласи и легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој вели дека доколку би бил на местото на Анре Слот, би го изоставил Салах од тимот.

САЛАХ ПОД ПРАШАЛНИК – Можеби нема да игра против Интер
Фото: Принтскрин

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, можеби ќе го пропушти натпреварот од 6. коло во Лигата на шампионите против Интер.

Според информациите на познатиот инсaјдер Фабрицио Романо, клубот ја разгледува реакцијата на 33-годишниот играч кон клубот и тренерот Арне Слот. Салах, кој беше на клупата за резерви во последните три натпревари од Премиер лигата, претходно изрази незадоволство поради тоа што Ливерпул се обидува да му ја префрли одговорноста за слабите резултати оваа сезона.

Одлуката дали Салах ќе настапи против Интер ќе биде донесена по понеделничкиот тренинг.

Претходно, новинарот Џејмс Вотланд објави дека капитенот Вирџил ван Дајк и други клучни играчи ја поддржуваат позицијата на Салах и бараат Слот да ја напушти функцијата главен тренер.

Натпреварот Ливерпул – Интер ќе се одигра во вторник, на 9 декември, на „Сан Сиро“ во Милано.

Се огласи и легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој вели дека доколку би бил на местото на Анре Слот, би го изоставил Салах од тимот.

„Да бев јас менаџер, нема шансси да биде во тимот“ – коментира Руни за случајот Салах.

CATEGORIES
Share This