САД ЗАПЛЕНИЈА УШТЕ ЕДЕН – ШЕСТИ ПО РЕД ТАНКЕР ВО ВЕНЕЦУЕЛА – Името на бродот не е откриено
Запленувањето е дел од последната серија акции против танкерите што превезуваат венецуелска нафта

Фото: Принтскрин
САД запленија уште еден танкер поврзан со Венецуела, соопштија двајца американски функционери, непосредно пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со лидерот на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо.
Ова е шестиот танкер во последните недели кој превезувал венецуелска нафта или бил поврзан со нејзин транспорт, објави Ројтерс.
Според функционерите, кои побарале да останат анонимни, запленувањето се случило во Карибите, но името на бродот не е откриено.
CATEGORIES Свет


