САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УНЕСКО Американската влада ја обвинува организацијата за глобалистичка агенда

Соединетите Американски Држави повторно се повлекуваат од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), со образложение дека членството не е во „национален интерес“. Ова го соопшти портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на 22 јули.
Според неа, УНЕСКО фокусира премногу внимание на прашања поврзани со социјални и културни теми кои „предизвикуваат раздор“ и поддржува агенда што е во спротивност со политиката „Америка на прво место“.
САД веќе еднаш се повлекоа од организацијата за време на мандатот на Доналд Трамп, кога ја обвинија УНЕСКО за антиизраелска пристрасност.
Во 2023 година, под раководство на претседателот Џо Бајден, САД се вратија во организацијата со цел да се спротивстават на растечкото влијание на Кина. Но, повлекувањето сега се смета за нов удар врз мултилатералната дипломатија и заговарачите на глобална соработка во рамките на ОН.


