САД И МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНАА РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ТРГОВИЈА – Еве колку се царинските давачки

Кај дигиталната економија: без даноци и царини на електронски преноси

САД И МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНАА РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ТРГОВИЈА – Еве колку се царинските давачки
Фото: Национал

САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна и избалансирана трговија, со цел продлабочување на економските врски и отворање нови можности за извозниците. Договорот предвидува царини не повисоки од 15% и за одредени производи целосно укинување на давачките, со асиметричен, но реципрочен пристап: Македонија ги укинува царините за сите американски производи, а САД ги задржуваат на 15%, со можност за нула проценти за одредени производи.

Покрај царините, се предвидени мерки за справување со нетарифни бариери, редовни консултации за американски земјоделски производи и зајакнување на економската и националната безбедност, вклучително контрола на извоз, инвестиции и јавни набавки.

Енергетиката е стратешка област, со изградба на гасен интерконектор меѓу Македонија и Грција и набавка на американски LNG. Договорот предвидува и висока заштита на животната средина, заштита на интелектуална сопственост, соработка во трудот, како и развој на дигиталната економија без даноци на дигитални услуги и поддршка на траен мораториум за царини на електронски преноси.

Целта е финализирање на договорот и негово спроведување за продлабочување на трансатлантското партнерство и отворање нова фаза во економските односи.

CATEGORIES
Share This