САД БАРААТ ОД ЗЕЛЕНСКИ ДА ГО ПРИФАТИ НАЦРТ-ПЛАНОТ ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА Украина ќе треба да се откаже од дел од територијата и од одредени видови оружје

Нацртот, исто така, предвидува забрана за странски војници во Украина, забрана за оружје со долг дострел, признавање на рускиот јазик како службен и официјален статус за Украинската православна црква – Московска патријаршија.

САД БАРААТ ОД ЗЕЛЕНСКИ ДА ГО ПРИФАТИ НАЦРТ-ПЛАНОТ ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА Украина ќе треба да се откаже од дел од територијата и од одредени видови оружје

САД му дале до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина треба да го прифати американскиот нацрт-план за завршување на војната со Русија, тврдат извори за Ројтерс. Предлогот бара Киев да се откаже од дел од територијата, да ги намали вооружените сили и да се откаже од одредени видови оружје. Според „Фајненшл тајмс“, планот предвидува предавање на остатокот од Донбас и преполовување на украинската армија, како и ограничување на западната воена помош, што би ја оставило Украина ранлива.

Нацртот, исто така, предвидува забрана за странски војници во Украина, забрана за оружје со долг дострел, признавање на рускиот јазик како службен и официјален статус за Украинската православна црква – Московска патријаршија. Украинските претставници го сметаат документот за практично усогласен со барањата на Кремљ и неприфатлив без големи измени.

Еден извор сепак смета дека САД вршат притисок врз Москва да ги прецизира своите барања за да може да започнат преговори. Истовремено, Аксиос објави дека администрацијата на Трамп подготвува одделен 28-точков план за прекин на војната во Украина во консултација со Русија, инспириран од неговиот план за Газа.

CATEGORIES
Share This