САД ЈА МЕНУВААТ ГЛОБАЛНАТА СТРАТЕГИЈА Крај на мултилатерализмот „Америка плаќа за сите“
Американскиот државен секретар вели дека повлекувањето од дел од меѓународните организации не значи изолација, туку промена на моделот

Фото: Принтскрин
САД го напуштаат, како што го нарекуваат, застарениот модел на мултилатерализам во кој американските даночни обврзници сносат најголем дел од финансискиот товар, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Рубио нагласи дека одлуката на Вашингтон да се повлече од десетина меѓународни организации не претставува „вртење грб на светот“, туку промена на пристапот кон глобалното управување.
„Ние едноставно го отфрламе застарениот модел на мултилатерализам кој ги третира американските даночни обврзници како глобален гарант на обемна и скапа архитектура на светско управување“, изјави Рубио.
Според него, САД ќе продолжат да соработуваат со меѓународните партнери, но врз основа на порамноправна распределба на одговорностите и трошоците.
CATEGORIES Свет


