РУТЕ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА – Средби со македонската власт и обраќање пред Собранието
Пречек со државни и воени почести и тет-а-тет средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Фото: Принтскрин
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со највисоки државни и воени почести, за време на неговата официјална посета на земјата.
По церемонијалниот пречек ќе следува тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок меѓу македонската делегација и делегацијата на НАТО.
Генералниот секретар Руте ќе оствари и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Според официјалното соопштение, генералниот секретар ќе ја посети и касарната „Илинден“.
CATEGORIES Македонија


