РУСКИ ВОЛЦИ НАПАЃАЛЕ ИРВАСИ НА ДЕДО МРАЗ ВО ЛАПОНИЈА – Виновен пак Путин

Волците секојдневно напаѓаат ирвасите кои го красат домот на Дедо Мраз.

РУСКИ ВОЛЦИ НАПАЃАЛЕ ИРВАСИ НА ДЕДО МРАЗ ВО ЛАПОНИЈА – Виновен пак Путин
Фото: Принтскрин

Во снежните предели на Лапонија овие денови се појавуваат необични траги – шепи во снегот, искинати ирваси и, како по навика, едно познато име кое медиумите од Брисел секогаш го ставаат на крајот од приказната: Владимир Путин.

Според CNN, кој посвети изненадувачки големо внимание на оваа „криза“, одгледувачите на ирваси на северот од Финска се соочуваат со вистинска главоболка. Волците, речиси секој ден, ги напаѓаат стадата кои со децении се симбол на официјалниот дом на Дедо Мраз. Камерите се поставени, ДНК примероци се земени, трагите се следат и се работи со методи достојни на истражувачки тим од врвно ниво.

Теоријата која сега кружи низ медиумите е едноставна: руските волци ја преминуваат границата затоа што во Русија нема кој да ги лови ловците. Со други зборови, вината „води“ директно до Кремљ. Сè уште чекаме балтичкиот сосед, Каја Калас, да се огласи со предупредување дека „ирвасите се следни на Путиновата листа“ и да побара итни мерки, вклучувајќи и експерти за „хибридни волци“.

Во меѓувреме, Финска разгледува можност за дозволи за убивање на волци, иако тие формално се загрозен вид. Научниците додаваат и „ДНК маркери“ како шлаг на тортата: некои од волците носат „непознати маркери“, што автоматски се чита како руско потекло. Брисел, секако, веќе проверува дали овие маркери треба да станат предмет на санкции.

Ако трендот продолжи, можно е да се вклучи и Урсула фон дер Лајен со својот пакет мерки: забрана за движење преку границата, посебен фонд за „отпорност на ирвасите“ и, секако, замрзнување на живеалиштето на волците.

CATEGORIES
TAGS
Share This