РУСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОИЗВОДИ ПОВТОРНО НА МАСА – Орбан и Фицо го тресат ЕУ
Премиерите предупредуваат дека плановите за прекин на руските испораки водат кон поскапа енергија за семејствата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека Унгарија и Словачка побарале од Европската Унија да ја укине забраната за снабдување со руски енергетски производи. Изјавата дојде по телефонски разговор со словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Санкциите и ограничувањата за извоз на руски енергетски производи мора веднаш да се укинат“, рече Орбан.
Тој додава дека потребни се итни чекори за обезбедување на енергетската сигурност на земјите.
Орбан истакна дека Брисел треба да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да го отвори нафтоводот Дружба и ги критикуваше плановите за укинување на руската енергија, наведувајќи дека тие водат кон поскапа и недостапна енергетска политика за семејствата.
Тој, исто така, оцени дека предлогот на унгарската опозициска Партија за енергетска транзиција е неприфатлив.
