РУСИТЕ ОДБИЈА ОДГОВОР – Еве како Србија ќе реагира

Вучиќ истакна дека Србија сака да избегне национализација и конфискација и дека сите опции ќе бидат исцрпени.

РУСИТЕ ОДБИЈА ОДГОВОР  – Еве како Србија ќе реагира
Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на седница на Владата изјави дека државата е подготвена да реагира доколку руска страна не постигне договор со избраните партнери за продажба на Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Според него, Србија мора да биде подготвена да понуди повисока цена, иако не е прв избор на Русија:

„Ако не се усогласат околу продажната цена, мој предлог е да размислиме да понудиме подобра понуда. Ние не сме нивниот прв избор, но ако сакаме да ја задржиме контролата, мора да бидеме подготвени да платиме повеќе. Ќе разговараме со сите финансиери за да ги обезбедиме потребните средства. Ако нема друго решение – колку и да чини ние ќе ги најдеме парите“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ќе се водат интензивни разговори со европските партнери и со сите други релевантни страни. Според него, „специјалната операција“ за која претходно било зборувано ќе треба да се спроведе, а јавноста навремено ќе биде информирана.

„Сакам да избегнеме национализација и конфискација по секоја цена. Сакам секој да види дека не сакаме да присвојуваме ничиј имот. Мнозинскиот удел не е наш, туку руски, и тие имаат право да одлучуваат. Но, ние имаме право да се избориме за нашите интереси. Затоа ќе ги исцрпиме сите можности“, нагласи претседателот.

Вучиќ истакна дека конечната одлука мора да се донесе во наредните седум дена и потсети дека Србија не презела чекори какви што презеле други земји во регионот.

CATEGORIES
TAGS
Share This