РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ПРЕЗЕЛА КОНТРОЛА НАД ДВЕ СЕЛА ВО ДОЊЕЦК, Украина засега молчи

Според Москва, нивните воени сили напредувале во источна Украина и презеле контрола врз две нови села каде што борбите се интензивирани во последните денови.

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ПРЕЗЕЛА КОНТРОЛА НАД ДВЕ СЕЛА ВО ДОЊЕЦК, Украина засега молчи

Руските воени сили соопштија дека напредуваат во источна Украина и дека презеле контрола врз две нови населени места во областа Доњецк, каде што борбите се засилија во последните денови.

Според Москва, станува збор за селото Миколаивка, југоисточно од Краматорск – административниот центар на регионот по 2014 година, и за селото Мирне, порано познато како Карл Маркс, лоцирано северозападно од Велика Новосилка, во близина на границата меѓу регионите Доњецк и Днипропетровск.

Украинските власти засега не го потврдиле ова, а независна проверка е отежната поради активните борби и ограничениот пристап на теренот.

CATEGORIES
Share This