РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД ВРЗ КИЕВ – Десетици повредени

Нападите, кои траеја од 22 часот до раните утрински часови, предизвикаа сериозни оштетувања и пожари, соопштија градските власти.

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД ВРЗ КИЕВ – Десетици повредени

Руските сили синоќа извршија повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град, при што беа погодени најмалку 13 локации низ Киев. Нападите, кои траеја од 22 часот до раните утрински часови, предизвикаа сериозни оштетувања и пожари, соопштија градските власти.

Според официјалните податоци, најмалку 19 лица се повредени, од кои 14 се хоспитализирани. Шефот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко, ги повика граѓаните да останат во засолништа и да ги затворат прозорците поради токсични честички во воздухот.

„Русија остави пустош по себе – терор и убиства. Тоа е факт“, напиша тој на Телеграм.

Во нападот бил користен и балистички проектил, испален околу 00:30 часот, а следеле уште неколку околу 02:30 часот. Руски дронови го нападнале и градот Полтава, каде што биле оштетени згради и возило, а две лица биле повредени.

Инцидентот доаѓа само неколку часа по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, Кремљ најави дека ќе продолжи со воените операции во Украина.

Ова е уште еден во низата жестоки напади во последните недели, кои, според Киев, имаат за цел да ја исцрпат украинската воздушна одбрана и да предизвикаат паника меѓу цивилното население. САД, пак, најавија прекин на испораката на ракети „Патриот“ и друго оружје, наведувајќи дека мора да ги обноват сопствените залихи.

CATEGORIES
Share This