РОНАЛДО ОСТАНУВА АКТИВЕН СО 2026 – ќе игра и на СП во САД, Канада и Мексико

Фудбалската икона Кристијано Роналдо нема намера да ја заврши својата блескава кариера. И покрај тоа што има 40 години, португалската легенда останува во врвна форма и веќе е подготвен за нови предизвици – меѓу кои и учество на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

РОНАЛДО ОСТАНУВА АКТИВЕН СО 2026 – ќе игра и на СП во САД, Канада и Мексико

Роналдо неодамна потпиша нов договор со Ал Наср, кој ќе го задржи во саудискиот клуб до летото 2026 година, објави реномираниот трансфер-експерт Николо Шира. Ова значи дека португалецот ќе го продолжи својот престој на Блискиот Исток, каде што од самиот старт се наметна како лидер на тимот.

Од доаѓањето во Ал Наср во јануари 2023 година, Роналдо одигра 105 натпревари, постигнувајќи импресивни 93 гола и додавајќи 19 асистенции. Само во актуелната сезона има скор од 35 погодоци и 4 асистенции на 41 натпревар, со што уште еднаш потврдува дека и покрај годините, останува еден од најсмртоносните напаѓачи во светскиот фудбал.

Со договорот што го покрива и периодот на Светското првенство, речиси извесно е дека Кристијано Роналдо ќе се појави на својот шести мундијал, нов историски подвиг во кариерата исполнета со рекорди. За Португалија и фановите ширум светот, ова е уште една шанса да го видат еден од најголемите фудбалери во историјата на најголемата светска сцена.

CATEGORIES
Share This