РОНАЛДО НА ПАТОТ КОН ИСТОРИЈАТА Може ли да постигне 1000 гола?

РОНАЛДО НА ПАТОТ КОН ИСТОРИЈАТА Може ли да постигне 1000 гола?

Кристијано Роналдо, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, продолжува да ги руши рекорди и да поставува нови стандарди во светот на фудбалот. Со 948 гола на своето име, Португалецот е само 52 погодоци од неверојатната бројка од 1000 гола, што никој досега не успеал да го постигне во официјални натпревари. Неговата главна цел за 2026 година е да го освои Светското првенство, но истовремено, Роналдо сака да стане првиот фудбалер кој ќе достигне илјадити гол во кариерата.

Роналдо дебитираше за Спортинг Лисабон во 2002 година и од тогаш, неговата кариера е полна со успеси. Со просечна ефикасност од 0.73 гола по натпревар, тој не само што продолжува да игра на високо ниво, туку и да ја зголемува својата продуктивност. Откако се пресели во Ал Наср во 2023 година, Роналдо постигна 104 гола во 117 настапи, што ја зголеми неговата просечна ефикасност на неверојатни 0.88 гола по натпревар.

Ако продолжи со овој ритам, Роналдо би можел да стигне до магичната бројка од 1000 гола за околу 60 натпревари. Во 2025 година, тој одигра 46 натпревари за клубот и репрезентацијата, а десет ги пропушти поради повреда. Доколку Португалија оствари добар резултат на Светското првенство, шансите за остварување на оваа цел се реални. Роналдо, и покрај годините, продолжува да покажува глад за победа и голови, а неговите бројки од последните две сезони, кога постигна 54 и 51 гол, потсетуваат на неговите најдобри денови во Реал Мадрид.

Иако во Саудиска Арабија му избегнуваат екипните трофеи, Роналдо не престанува да ги освојува наградите за најдобар стрелец. Со истата амбиција влегува и во оваа сезона, кога ќе го прослави својот 41-ви роденден. Неговата статистика од различни клубови е импресивна: 450 гола за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед, 101 за Јувентус и 104 за Ал Наср. Времето ќе покаже дали Роналдо ќе успее да го достигне невозможното и да остави уште еден незаборавен белег во историјата на фудбалот.

CATEGORIES
Share This