РОНАЛДО МОЖЕ ДА ГО НАПУШТИ АЛ-НАСР – Трансфер вреден 50 милиони евра

Роналдо бил против трансферот на Карим Бензема во главниот ривал Ал-Хилал

РОНАЛДО МОЖЕ ДА ГО НАПУШТИ АЛ-НАСР – Трансфер вреден 50 милиони евра
Фото: Принтскрин

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Ал-Наср, може да го напушти клубот од Саудиска Арабија во летниот преоден рок, објави „Record“.

Четириесетгодишниот Португалец е незадоволен од своето место во тимот и размислува да ја продолжи кариерата во Европа или во МЛС. Неговиот трансфер се проценува на околу 50 милиони евра.

Претходно, Роналдо не беше вклучен во составот за натпреварот од 20. коло на Саудиската Премиер лига против Ријад. Според медиумските извештаи, тој го бојкотирал мечот како знак на протест против политиките на клубот, кој е во сопственост на Јавниот инвестициски фонд. Исто така, се појавија информации дека Роналдо бил против трансферот на Карим Бензема од Ал-Итихад во Ал-Хилал, главниот ривал на Ал-Наср.

Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година и има 127 настапи во сите натпреварувања, со 111 постигнати гола и 22 асистенции. Неговиот договор со клубот е важечки до летото 2027 година.

CATEGORIES
Share This