РОКЕНРОЛ КУЌА НА СЛАВНИТЕ – Номинирани нови 17 музички легенди во 2026 година
Специјални награди за музичко влијание, извонредност и „Ахмет Ертегун“ за влијателни фигури.

„Рокенрол куќата на славните“ го објави списокот на можни нови членови за 2026 година, кој вклучува 17 артисти од различни музички жанрови и од класичен рок до поп, R&B и хип-хоп.
На листата се најдоа имињата на: Мараја Кери, Фил Колинс, Били Ајдол, Мелиса Етериџ, „Блек кроус“, Џеф Бакли, Лорен Хил, „Инксес“, „Ајрон мејден“, „Џој дивижн / Њу ордер“, „Њу едишн“, „Оејзис“, Пинк, Шаде, „Ву-танг клан“, Шакира и Лутер Вандрос.
Бројот номинирани е поголем од минатата година, кога имаше 14 кандидати, што ја прави конкуренцијата особено жестока.
Годинешниот избор се издвојува по тоа што е концентриран на уметници кои ја започнале кариерата во 1980-тите и 1990-тите, а Пинк е единствената нова генерација од почетокот на XXI век. Интересен е и случајот со Фил Колинс, кој веќе е член на „Рокенрол куќата на славните“ како дел од „Џенезис“, но сега има шанса да биде признат и како солоизведувач.
Посебно внимание привлекуваат Џеф Бакли и Лорен Хил, кои оставија голем музички белег со само еден студиски албум – „Грејс“ во 1994 година, односно албумот на Лорен Хил од 1998 година. И покрај малкуто студиско наследство, нивниот придонес за музиката е значителен.
Судбината на номинираните ќе ја одлучат околу 1.200 членови на гласачкото тело во наредните два месеца, а имињата на новите членови ќе бидат објавени во април. Во исто време, ќе бидат соопштени и добитниците на наградите за музичко влијание, музичка извонредност и наградата „Ахмет Ертегун“, наменета за влијателни фигури кои не се изведувачи, но оставиле значаен отпечаток врз развојот на рокенрол музиката.


