РОКАС ДО СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕГА Е НАЈДОБРИОТ МОМЕНТ – Истата порака што ја слушаме 30 години

ЕУ дипломатите повторно ја открија формулата за реформи што важи од секоја власт до денес.

РОКАС ДО СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕГА Е НАЈДОБРИОТ МОМЕНТ – Истата порака што ја слушаме 30 години
Фото: Претседател на РМ

Евроамбасадорот Михалис Рокас, при денешната средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, порачал дека сега е најдобриот момент за храбри и одлучни чекори во реформите, имајќи ја предвид јасно изразената поддршка на лидерите на Европската Унија за забрзување на македонската евроинтеграција. Средбата се одржа во претседателскиот кабинет по повод предавањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2025 година.

Според соопштението од кабинетот на претседателката, Рокас ги посочил клучните предизвици со кои се соочува државата и реформите што се очекуваат да се спроведат.

„Соговорниците констатираа недостаток на напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и во реформата на судството. Истовремено беше нагласена потребата од максимални напори во овие области. Беа поздравени позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација и постигнатите успеси во кластерите 3, 4, 5 и 6,“ се наведува во соопштението.

Претседателката Сиљановска-Давкова, од своја страна, изразила забелешки на дел од констатациите во Извештајот на Европската комисија, особено во делот што се однесува на првиот кластер – „Фундаментални вредности“. Таа укажала дека оценката за напредокот на земјата треба да се темели исклучиво врз Копенхашките критериуми, а не на политичките услови кои Македонија ги исполнува веќе две децении.

CATEGORIES
TAGS
Share This