РОДИТЕЛИТЕ НА СТРАДАНИТЕ ВО „ПУЛС“ СО ПОВИК ДО ПРЕМИЕРОТ Бараат објавување на видеото од средбата во Владата

РОДИТЕЛИТЕ НА СТРАДАНИТЕ ВО „ПУЛС“ СО ПОВИК ДО ПРЕМИЕРОТ Бараат објавување на видеото од средбата во Владата

Родителите на загинатите млади во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани побараа од премиерот Христијан Мицкоски да ја објави целосната видеоснимка од нивната средба што се одржа на 7 јули во Владата. Барањето доаѓа како реакција на соопштението на Владата, во кое се негираат наводите дека премиерот ги навредил родителите.

Во изјава од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ од Кочани се наведува дека целиот разговор со премиерот бил снимен, и дека објавувањето на снимката би ја разјаснило вистината. Родителите тврдат дека биле длабоко навредени од односот на Мицкоски при разгледување на нивното барање за еднократна помош поради душевна болка. Според нив, тој им рекол: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“

Владата во својот одговор го отфрли ваквиот опис на средбата, нарекувајќи ги тврдењата „злонамерно дефокусирање“ и „злоупотреба на трагедијата за политички цели“.

Во знак на сеќавање и протест, денеска повторно се одржа „Маршот на ангелите“ во Кочани – традиционално собирање кое се организира секоја сабота. На протестот зборуваше Драги Стојанов, татко на 21-годишниот Томче, еден од загинатите млади.

Настанот во дискотеката „Пулс“ во март остави длабока трага во јавноста, а родителите на жртвите остануваат посветени на борбата за вистина, одговорност и почитување на достоинството на нивните најмили.

Ask ChatGPT
CATEGORIES
Share This