РИСТОСКА ОТКРИВА Кампања против мене и обид за елиминација од Стразбур

Таа посочува дека Владата не прецизирала кои критериуми наводно не биле исполнети од кандидатите, што според неа укажува на нетранспарентност и неиздржаност на одлуката.

РИСТОСКА ОТКРИВА Кампања против мене и обид за елиминација од Стразбур
Фото: Социјални мрежи

Обвинителката Ленче Ристоска се огласи на Фејсбук откако Владата ја повлече листата со тројцата кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, без да даде јасно образложение за својата одлука.

„Последниве два месеца добивав укажувања дека треба да ја повлечам кандидатурата, а истовремено се водеше клеветничка кампања против мене во јавноста. Затоа не ме изненади потегот на Владата – очекував дека ќе се обиде да ја заобиколи процедурата и препораките на Советот на Европа, како и сопствените насоки дадени на Комисијата за избор,“ напиша Ристоска.

Таа посочува дека Владата не прецизирала кои критериуми наводно не биле исполнети од кандидатите, што според неа укажува на нетранспарентност и неиздржаност на одлуката.

„Советот на Европа бара процесот да биде јасен, однапред пропишан, фер и транспарентен. Дури и кога не сте избрани, тоа треба да биде резултат на стручна и објективна проценка. Комисијата формирана од Владата и советодавното тело на Советот на Европа се најповикани да ја направат таа проценка. Владата има обврска да го образложи секое отстапување од нивната селекција,“ додаде Ристоска.

CATEGORIES
Share This