РЕВОЛУЦИЈА ВО СООБРАЌАЈОТ – Нов автопатски тунел ја поврзува јужна Кина
Тунелот долга 22,13 километри ја поврзува планинската провинција Гуиџоу и ја скратува патната дистанца.

Во јужна Кина е завршен автопатски тунел долг 22,13 километри, кој според кинеските медиуми претставува најдолг автопатски тунел во светот. Проектот се наоѓа во провинцијата Гуиџоу и е дел од широка инфраструктурна мрежа наменета за побрзо поврзување на планинските региони.
Тунелот е изграден низ сложен и нерамен планински терен и има за цел да ги скрати патувањата кои претходно се одвивале по кривулести и споредни патишта. Со својата должина, тој е еден од најголемите инфраструктурни проекти во регионот.
Изградбата се одвивала со ископување од двата краја, користејќи големи машини за бушење, контролирани минирања и дополнително зајакнување на конструкцијата во делови со посложена геологија. За безбедност и функционалност, биле инсталирани системи за вентилација, безбедносни излези, како и армирање со челични конструкции и бетон.
Кинеските медиуми истакнуваат дека тунелот е дизајниран за густ автопатски сообраќај, овозможувајќи побрз транспорт на патници и стока низ регионот. Проектот е дел од поширока стратегија за инфраструктурно поврзување на оддалечени и тешко достапни области.
Иако во јавноста често се споменува норвешкиот тунел Лердал, долг 24,5 километри, тој е дизајниран за поинаков тип сообраќај и не се класифицира како класичен автопатски тунел.
Очекувањата се тунелот да биде ставен во целосна функција по завршување на финалните технички проверки и безбедносни тестирања, станувајќи дел од редовниот автопатски сообраќај во провинцијата Гуиџоу.


