„РЕКВИЕМ“ ОД МОЦАРТ ВО НОБ – Вечер започнува новата сезона
Настапот ќе се одржи под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги.

Националната опера и балет вечер ќе ја започне сезоната 2025/2026 со изведба на „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт – едно од најмоќните и најемотивни дела во историјата на класичната музика.
Солисти на концертот ќе бидат Биљана Јосифов, Николина Јаневска, Јане Дунимаглоски и Владимир Саздовски, заедно со оркестарот и хорот на НОБ. Настапот ќе се одржи под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги.
Со ова монументално дело, кое ја отсликува духовната и музичка величина на Моцарт, НОБ го означува почетокот на новата сезона.
CATEGORIES Култура


