РЕКОРДНИ 10.500 ТУРЦИ ПОБАРАЛЕ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО – Еве ги причините
Законски олеснувања го зголемија интересот за државјанство

Во последните четири години, над 10.500 турски граѓани барале македонско државјанство.
Како главни причини за ова голема заинтересиранот на Турците се сметаат законските олеснувања со измените од 2021 кои овозможуваат двојно државјанство и без услов за познавање македонскиот јазик за потомците на иселениците, потоа историски врски на многумина кои потомци на „мухаџири“ и гледаат во државјанството враќање на идентитетот, европски придобивки со безвизниот режим со Шенген зоната и потенцијална врска со ЕУ како и бизнис и економија што овозможува полесно отворање бизниси, купување имот и користење на Македонија како платформа за извоз и образованието кое нуди пониски школарини и полесен пристап до локалниот пазар на труд.
За многумина, македонското државјанство е практична и емотивна предност, со економски, образовни и културни бенефиции.


