РЕКОРДЕН ЛОВ НА ШПИОНИ ВО РУСИЈА – 468 осудени оваа година

Студенти, наставници и ИТ експерти најчесто обвинети

РЕКОРДЕН ЛОВ НА ШПИОНИ ВО РУСИЈА – 468 осудени оваа година
Фото: Принтскрин

Руските судови оваа година осудија 468 лица за предавство, шпионажа, тајна соработка со странци и помагање на непријателот што претставува најголем број пресуди од воведувањето на актуелниот Кривичен законик во 1997 година.

Според податоците на Аналитичкиот центар Кирило Парубец, 363 лица се осудени за предавство, 61 за шпионажа, а 39 за тајна соработка со странци, објавува „Москва Тајмс“.

Меѓу осудените, 161 бил украински државјанин, а 134 казни се изречени во регионите Крим, Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Во текот на годината нема изречени ослободителни пресуди, четири лица добиле доживотен затвор, а околу 420 лица се сè уште под истрага. До оваа година, руските судови не изрекле доживотни казни за овие дела.

До 10 декември, вкупниот број обвинети во случаи на шпионажа достигнал 1.627, во споредба со приближно 1.000 на крајот на 2024 година. Најчесто обвинети се Руси без политички врски и пристап до државни тајни како што се студенти, ИТ експерти, наставници, вработени во компании и претприемачи. Втората најголема група се украински граѓани.

Судските процеси често се одржуваат зад затворени врати, па дури и адвокатите или роднините понекогаш не знаат каде се наоѓаат обвинетите. Од 1.196 лица чиј идентитет е утврден, информации за нивното местоположба се достапни само за 615.

CATEGORIES
TAGS
Share This