РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС – 40.000 студенти веќе ги подигнаа ваучерите за електронска опрема

Ваучерите од 15.300 денари им овозможуваат на студентите да купат електронска опрема по сопствен избор.

РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС – 40.000 студенти веќе ги подигнаа ваучерите за електронска опрема
Фото: Национал

Во првата недела од отворањето на повикот, околу 40.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари, потврди министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Проектот, спроведен во соработка со Владата и МОН, предвидува доделување на вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии во учебната 2025/26 година.

Целта е секој студент да има пристап до електронски уред, што им го олеснува учењето и ги прави конкурентни со колегите во Европа“, истакна Андоновски.

Рокот за аплицирање е до 20 декември, а ваучерите можат да се искористат до 31 декември во продавниците на 15 економски оператори.

Министерот нагласи дека студентите сами избираат што ќе купат, што, според него, ја стимулира и економијата.

CATEGORIES
TAGS
Share This