РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА 2026 ОД 6,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Плати, пензии и капитални инвестиции за подобар животен стандард
Буџетот се темели на досегашните резултати, со проектиран раст на БДП над 3% и намален дефицит, како и 660 милиони евра за капитални проекти кои веќе се во реализација.

Во емисијата „Став на регионот“ на Њузмакс Балканс, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, зборуваше за Буџетот за 2026 година, кој изнесува 6,7 милијарди евра. Тој нагласи дека буџетот обезбедува повеќе средства за плати, пензии и капитални инвестиции, со цел континуиран економски раст и подобар животен стандард.
Стојаноски истакна дека документот е реален и насочен кон финансиска консолидација, нови училишта, болници, спортски игралишта и инфраструктура. Според него, буџетот се темели на досегашните резултати, со проектиран раст на БДП над 3% и намален дефицит, како и 660 милиони евра за капитални проекти кои веќе се во реализација.
CATEGORIES Бизнис


