РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА Цената на парно греење ќе се знае денеска
Регулаторната комисија чекаше извештај за вредноста на топланите пред да ја утврди новата тарифа.

Фото: Национал
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата тарифа за парно греење која ќе важи од 1 декември. Одлуката се одолговлекуваше неколку месеци, бидејќи регулаторите чекаа извештај од Бирото за процена за вредноста на топланите, по што можеше да се утврди конечната цена.
Првичните информации од летото покажуваа дека компаниите за топлинска енергија барале зголемување на цената од околу 50%. Пред донесувањето на новата одлука, компаниите повторно доставиле пресметки со зголемени трошоци.
Очекувањата се дека денешната одлука ќе даде појасна слика за тоа дали и за колку ќе поскапи парното за домаќинствата и фирмите од декември.
CATEGORIES Бизнис

