РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2025 Собраниската Комисија продолжува со расправата

Според предложениот ребаланс, вкупните приходи се проектирани на 362,4 милијарди денари, а расходите на 403,7 милијарди денари — што е зголемување од еден процент (околу 3,5 милијарди денари) во однос на првичните проекции.

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2025 Собраниската Комисија продолжува со расправата

Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година. Досега се разгледани неколку амандмани поднесени од опозициските пратеници, но без поддршка од мнозинството. Меѓу одбиените беше и предлогот на СДСМ за издвојување средства за повредените во неодамнешниот пожар во Кочани, што заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски го оцени како обид за политички поени.

За ребалансот се доставени вкупно 200 амандмани, од кои 160 се поднесени од страна на СДСМ.

Според предложениот ребаланс, вкупните приходи се проектирани на 362,4 милијарди денари, а расходите на 403,7 милијарди денари — што е зголемување од еден процент (околу 3,5 милијарди денари) во однос на првичните проекции. Проекцијата за раст на БДП останува 3,7%, а инфлацијата е предвидена на 2,8%.

Буџетскиот дефицит останува непроменет — 41,3 милијарди денари или 4% од БДП. Капиталните расходи изнесуваат 47,5 милијарди денари. Според владините проекции, државниот долг до крајот на 2025 година ќе достигне 53,3% од БДП, а јавниот долг 62,1%.

CATEGORIES
TAGS
Share This