РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ, комисијата го продолжува разгледувањето на амандманите
Расправата продолжува во услови на политичка поделеност, при што опозицијата ги обвинува властите за игнорирање на нивните предлози и за непрозрачна распределба на буџетските средства.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година.
Во текот на расправата во петокот беа разгледани вкупно 31 амандман. Од нив, беше прифатен само еден – поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство. Сите останати, вклучувајќи ги и оние предложени од опозициските пратеници, беа одбиени.
Расправата продолжува во услови на политичка поделеност, при што опозицијата ги обвинува властите за игнорирање на нивните предлози и за непрозрачна распределба на буџетските средства. Владата, пак, останува на ставот дека предложениот ребаланс е одраз на фискална стабилност и одговорност во време на економски предизвици.
CATEGORIES Бизнис


