РЕАЛ ГО УНИШТИ АТЛЕТИКО ВО ЛУДО ДЕРБИ – Еврогол и црвен картон одлучија
Винисиус блескаше со два гола, Молина израмни, а Валверде доби црвен картон, пет гола, пенал и драма на „Сантијаго Бернабе“..

Реал Мадрид го победи Атлетико со 3-2 и се доближи на четири поени од Барселона. Градското дерби на „Сантијаго Бернабе“ понуди вистинска фудбалска драма со пет гола, пенал и црвен картон, а на крајот „кралевите“ излегоа како победници.
Адемола Лукман во 33-тата минута најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и донесе водство за Атлетико од 0-1, резултат кој остана непроменет до крајот на првиот дел.
Во 52-рата минута Реал Мадрид доби пенал, а Винисиус беше прецизен за израмнување. Само четири минути подоцна Феде Валверде погоди за комплетен пресврт.
Најубавиот момент на мечот следеше во 66-тата минута, кога Нахуел Молина со силен удар од преку 20 метри успеа да го совлада Лунин и да израмни на 2-2.
Сепак, радоста за „јорганџиите“ траеше кратко, бидејќи Винисиус во 72-рата минута постигна еврогол за конечни 3-2 во корист на Реал Мадрид.
До крајот на натпреварот „кралевите“ останаа со играч помалку, откако Феде Валверде заработи директен црвен картон.


