РЦУК ОБЈАВИ ДЕТАЛИ Прекин на напојувањето со струја на две локации во Скопје

Денеска ќе има повеќечасовни прекини во напојувањето со електрична енергија на неколку локации во Скопје, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Во Општина Илинден, корисниците на улицата „Бунарџик“ ќе останат без струја од 9 часот наутро до 13 часот, поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Прекин на напојувањето е најавен и за делови од Општина Ѓорче Петров. Таму, од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците „Мице Козар“ и „Ѓуро Салај“.
Од надлежните апелираат граѓаните да ги планираат своите обврски со оглед на најавените исклучувања.
CATEGORIES Македонија


