РБОТНИЧКИ ТВРДАТ Иглесијас не присилувше на секс, бевме како робинки на неговиот имот

Помошничка и физиотерапевтка со тешки сведоштва за присилување, допирање и понижување

РБОТНИЧКИ ТВРДАТ Иглесијас не присилувше на секс, бевме како робинки на неговиот имот
Фото: Принтскрин

Шпанскиот баладер и светска музичка легенда Хулио Иглесијас е соочен со сериозни обвинувања за сексуално злоставување на две жени во 2021 година. Според шпанските медиуми, едната од пријавувачките тогаш имала само 22 години.

Обете жени наведуваат дека биле нападнати додека работеле во неговите имоти на Карибите. Една од нив домашна помошничка тврди дека била присилувана на сексуални односи, при што, како што изјавува, трпела физичко, вербално и психолошко насилство. Втората жена, физиотерапевтка, го обвинува пејачот за несоодветни допири, навреди и континуирано вознемирување во токсична и контролирана средина, пренесува британски „Индепендент“.

Инцидентите наводно се случувале во вилите на Иглесијас сместени во Пунта Кана (Доминиканска Република) и во Лајфорд Кеј (Бахами).

Обвиненијата излегоа во јавност по заедничка истражувачка сторија на шпанскиот „Ел дијарио“ и телевизијата „Унивисион“. Ребека (псевдоним на една од жените) вели дека тогаш 77-годишниот уметник ја повикувал во неговата соба речиси секоја ноќ.

„Ме користеше секоја вечер. Се чувствував како предмет, како робинка“, изјавила таа.

Сексуалните односи, според нејзино сведоштво, често се случувале во присуство на постар член на домаќинството. Лаура (втор псевдоним) тврди дека Иглесијас ја бакнувал против нејзина волја и ја допирал на интимни делови.

Новинарските екипи, според објавеното, не добиле одговор на испратените прашања до пејачот, ниту преку електронска пошта, ниту по телефон, ниту по пошта.

Поранешна менаџерка на музичарот, пак, ги отфрли тврдењата и изјави дека има само „почит, восхит и благодарност“ кон него, нарекувајќи го „скромен, дарежлив и вистински господин што ги почитува жените“.

Хулио Иглесијас е меѓу најуспешните шпански уметници во историјата, со над 300 милиони продадени албуми низ целиот свет.

CATEGORIES
Share This