РАЗДОТ МЕЃУ СОЈУЗНИЦИТЕ – Трамп незадоволен од Лондон и Мадрид

Американскиот претседател тврди дека Мадрид не го исполнува својот дел кон Алијансата и е отворено непријателски настроен

РАЗДОТ МЕЃУ СОЈУЗНИЦИТЕ – Трамп незадоволен од Лондон и Мадрид
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Шпанија и изрази силно разочарување од Обединетото Кралство, во телефонско интервју за Њујорк пост.

„Имаме многу победници, но Шпанија е губитник, а Обединетото Кралство навистина ме разочара. Шпанија е многу непријателски настроена кон НАТО“, изјави Трамп.

Тој додаде дека Шпанија не го исполнува својот финансиски дел кон Алијансата, посочувајќи дека била единствената земја која гласала против обврската за издвојување 5 проценти од БДП за одбрана.

„Тие не се тимски играч. А ако тие не се тимски играч, ниту ние нема да бидеме со Шпанија“, нагласи Трамп.

Осврнувајќи се на написот во британскиот весник Телеграф, според кој наводно приватно го нарекол британскиот премиер „губитник“, Трамп беше директен.

„Тој не е Винстон Черчил, да го кажеме така“, рече Трамп, мислејќи на Кир Стармер.

Според американскиот претседател, фрустрацијата произлегува од првичната одлука на Стармер да не дозволи користење на британски воени бази за нападите што ги извршија САД и Израел врз Иран.

„Беше многу разочарувачки неговиот настап кога станува збор за нашиот огромен напад врз непријателска земја. Требаше без двоумење да ни овозможи користење бази“, изјави Трамп.

Тој додаде дека бил исклучително изненаден од одбивањето на Стармер да соработува со Пентагон, имајќи го предвид традиционално блискиот сојуз меѓу САД и Обединетото Кралство.

„Треба да можеме да сметаме на нив. Бев многу изненаден од Кир. Навистина многу разочаран“, заклучи Трамп.

CATEGORIES
TAGS
Share This