РАЗБИЕНА БАНДА ВО ФАРМАЦИЈАТА „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ казнети со 1,8 милиони евра

Дополнително, Комисијата ќе достави известување до Управата за финансиска полиција и до Јавното обвинителство за можно покренување соодветна кривична постапка против инволвираните страни.

РАЗБИЕНА БАНДА ВО ФАРМАЦИЈАТА „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ казнети со 1,8 милиони евра
Фото: Принтскрин

Вишиот управен суд со пресуда ја потврди одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата со која се утврдува дека веледрогериите АД „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ ДООЕЛ Скопје учествувале во забранет картел при постапка за јавна набавка на инсулин и други медицински помагала.

Станува збор за тендер од 2016 година, распишан од Министерството за здравство, на кој двете компании, спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата, склучиле договор за усогласување на цените. Наместо да понудат независни и конкурентни понуди, веледрогериите со договорено дејствување го нарушиле пазарниот натпревар, со цел да остварат противправна имотна корист на сметка на државниот буџет.

Комисијата за заштита на конкуренцијата при истрагата се повикала како на домашното законодавство, така и на релевантната судска пракса на Европската унија. За сторениот прекршок, АД „Д-р Пановски“ е казнета со глоба од 1.061.000 евра, а „Фарма трејд“ со 721.000 евра – вкупно 1,8 милиони евра.

Глобите се изречени во согласност со штетата нанесена на буџетот, а одлуката на Комисијата е потврдена од Управниот суд и Вишиот управен суд, со што таа станува правосилна и извршна. Двете компании се должни да ја подмират глобата во законски утврдениот рок.

Дополнително, Комисијата ќе достави известување до Управата за финансиска полиција и до Јавното обвинителство за можно покренување соодветна кривична постапка против инволвираните страни.

CATEGORIES
TAGS
Share This